Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Прилепски „Водовод“ со амбициозни проекти за реконструкција на застарената мрежа и намалувањето на губитоците на вода

Од вкупно 200 км водоводно-канализациона мрежа во општина Прилеп, 100 километри веќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од вкупно 200 км водоводно-канализациона мрежа во општина Прилеп, 100 километри веќе се целосно реконструирани, а со тоа и загубите на вода значително се намалени. Ова е особено важно, велат од прилепски „Водовод“ и додаваат дека сега, со новите веќе изготвени проекти од кои добар дел ќе бидат финасирани и со пари од втората транша од унгарскиот кредит, Прилеп ќе го продолжи модернизирањето и на остатокот од нереконструираната водоснабдителна мрежа која е застарена и недоволно безбедна.

 „Во 2024 од трите проекти еден е водоводен, а сега во 2025 ние сме спремни со повеќе проекти. Изборот моментално се врши в Општина, а ние ќе аплицираме како „Водовод и канализација“ со пет нови проекти, слични на овие проекти и во две населени места….Многу има во градов вакви стари линии кои што во периодов што следи ќе ги промениме во нови, а со то ќе добиеме поквалитетна вода и загубите ќе се намалат“, – уверува Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Прилеп.

Покрај на овие пет проекти, „Водовод“ работи и на уште 3-4 други, а еден од поголемите е во населбата „Сточен пазар“, како и во неколку населени места. А во моментов, веќе дваесетина дена интензивно се работи во центарот од градот во населбата “Карабдалица“ каде 70-години стариот азбестен водовод се заменува со комплетно нов – полиетиленски, во должина од 1.024 метри.

Реклама

 „Рокот е 90 дена, но очекуваме дека за два месеци ќе биде комплетно вратена во првобитна положба и сите улици ќе бидат вратени во првобитна положба“, – вели Гулабоски.

  Инаку, со првичната реконструкција на застарената водоводна мрежа во Прилеп се започна уште во 2006 година, со средства од КФВ банката во висина од над 9 милиони евра, кога во две фази до 2010 година беа реконструирани 40 км. Оттогаш наваму, освен што се реконструираа нови 60 км, во 2017 година беше пуштена во употреба и новоизградената модерна Пречистителна станица, беше воведен СКАДА-системот, а Прилеп беше и меѓу првите општини кој направи подземен Катастар на водоводната инфраструктура. Со сето ова, дотогашните огромни загуби на вода од над 70%, се сведоа под 50% со што општината денес се вбројува меѓу првите 10 општини во државава со најмали губитоци на вода.

Каролина Дурло