Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Прилепски Комуналец на четири македонски општини им ја објаснува селекцијата на отпадот

Прилеп неспорно е лидер во земјава за селекцијата на отпадот на што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилеп неспорно е лидер во земјава за селекцијата на отпадот на што работи 15-тина години, па претставници од комуналните претпријатија и од општините: Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден и Струмица денеска беа на гости во прилепски „Комуналец“ за да ги видат и да ги применат практиките за селекцијата на отпадот. 

-Разменивме доста искуства, знаења и добри практики со селекцијата на отпадот. Според последните истражувања од „Пакомак“, Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот. Тоа е резултат на 15-годишното селектирање на отпадот. Во изминатиот период со помош на Општината се отвори Собирен центар за електричен и електронски отпад, за текстил и за стакло, рече Љубиша Јованоски, директор на прилепското ЈКП „Комуналец“ пред Собирниот центар за селекција на отпадот во Прилеп.

Гостите од четирите македонски општини му го признаваат лидерството на Прилеп во селекцијата на отпадот и искуствата ќе ги применат во практиката.

Реклама

-Дојдовме во Прилеп да го видиме тој процес на селекција на отпадот. Во Македонија имаме доста отпад кој несоодветно се селектира, па дојдовме да видиме како Прилеп, како лидер во земјава, се справува со селекцијата на отпадот. Сакаме да почнеме наново со селекцијата на отпадот во Струмица кое е стопирано. Таргет ќе ни бидат картоската амбалажа, пет амбалажата, пластиката, стаклото. Тоа ние сега не го правиме, рече Кире Синдраковски, директор на ЈКП „Комуналец“ од Струмица. 

Во последните два месеци се склучени 760 договори со домаќинствата за кантите за отпад. Во завршна фаза е фабриката за селекцијата на отпадот кај градската депонија Алинци, единствена во овој Регион. Се прави проектна документација за компостарата, а во завршна фаза е и поставувањето на 52 полуподземни контејнери на 21 локација, со што ќе се зголеми селекцијата на отпадот за поздрава и почиста животна сдредина во Прилеп.

Прилеп ќе почне и проект за уредување на Градската река.

-Со 49 проценти на граѓаните кои прават примарна селекција на отпадот,  тоа Прилеп го прави лидер во Македонија. Битно ни е во наредните години да бидеме општина која 100 проценти од населението ќе селектира отпад. Прилеп ќе има прва фабртика за селекција на отпадот со капацитет на преработка на 10 тони отпад на час. Тоа значи дека прилепчани ќе плаќаат минимални надоместоци во идното одлагање на отпадот во Регионалната депонија во Новаци. Од денес работиме на проектот со кој ќе аплицираме во Министерството за животна средина за уредување на малото и големото корито на Градската река, објасни прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.  

На прилепски „Комуналец“ му беа доделени 9 специјални возила за отпад од кои 4 се пристигнати. Доделени се  8 318 канти за домаќинства, 126 контејнери за 1,1 кубен метар зафатнина кои се поставени во централното градско подрачје.