Во законодавниот дом денеска ќе биде презентирано истражувањето „Парламентарниот надзор и контрола во Македонија низ призма на надзорниот капацитет на Собранието“.
Истражувањето ќе биде презентирано од проф д-р Денис Прешова, вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје. По презентација, следуваат дискусија и отворена дебата.
Воведно обраќање ќе има Африм Гаши, претседател на Собранието на Македонија.

На настанот ќе бидат презентирани и следните чекори и можности за унапредување на парламентарниот надзор, поддршка преку програмата ПСП.
