Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Прилози

Превозниците и бизнисмените го поздравуваат намалувањето на акцизата

Македонија останува посветена на заштита на стандардот на граѓаните и обезбедува краткорочна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува посветена на заштита на стандардот на граѓаните и обезбедува краткорочна предвидливост, смета бизнис секторот. Истото мислење го делат и транспортните компании кои велат дека мерката за намалување на акцизата е одлична мерка во време на криза. Македонија ќе остане со најниска цена на горвиата, но и транспортерите ќе останат конкурентни велат од таму.

„Веќе ова е мерка којашто и на превозните трговски друштва им одговара, бидејќи ние како превозници ДДВ-то го враќаме. И секогаш поради големите конкуренции имапе периоди кога ДДВ-то дали од нашта држава или од другите држави ни претставуваше заработувачка“, изјави Биљана Муратовска од МАКАМ.  

Бизнис секторот вели дека секоја владина мерка која е во интерес на стопанството е добра. Според нив, Владата до сега добро се справува со кризата.

Реклама

„Мерки кои треба да покажат дека можеме да сметаме на Владата дека ни обезбедува стабилност, колку-толку. Знаеме дека Владата е подготвена  да и излезе во пресрет на економијата и на граѓаните со посебни мерки. Сите очекуваат нормализација на цените, тоа е најважно во моментот, а понатаму да видиме како од оваа криза можеме да обезбедиме стабилност и да обезбедиме една одржливост на пазарот, вели Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачите.

Транспортерите се задоволни што Владата прифатила дел од нивните предлози, но тие бараат и продолжување на мерката за намалување на акцизата.

„Од Владата бараме долгорочно да ни се овозможи со измени на законот за акцизи да може за комерцијални цели како што е во регулативата од ЕУ, да ни се враќа дел од акцизата. Еве да ги кажеме овие 4 денари и со тоа ќе стекнеме можност да враќаме акцизи и од другите држави каде што има слични закони“, дополни Муратовска.

Тие сметаат дека во моментов е тешко да се прогнозира на долг рок како ќе се одвиваат настаните во Светот, но бизнисмените и транспортерите се убедени дека државата ќе продолжи со навремени реакции за заштита на бизнис секторот и заштита на стандардот на граѓаните.