Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ

По остварена средба со претставници на дел од државите членки на шенген…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По остварена средба со претставници на дел од државите членки на шенген зоната, а преку Мисијата на Европска Унија со седиште во Белград, претставниците на превозниците од четирите држави на Западен Балкан (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) се договорија да не го реализираат најавениот  протест на 14.09.2026 година со затворање на граничните премини кон државите на Европска Унија (ЕУ) – објави денеска Асоцијацијата Макам-транс на својата Фејсбук страница. 

-На овој начин покажавме добра волја и разбирање за проблемите кои би настанале со прекинување на синџирот на снабдување на стока меѓу Западен Балкан и ЕУ и искажавме доверба на ветувањето дека ќе се забрза процесот за изнаоѓање на соодветно решение за професионалните возачи и нивниот престој во Шенген Зоната подолг од 90/180 дена до изгласување на новата визна стратегија во втората половина на 2027 година. Сите подготовки за спроведување на протестот се ставени вон сила на одреден период – велат од Макам-транс. 

Превозниците од регионот на 1 септември одржаа предупредувачки протест барајќи решавање на проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во шенген-зоната.