Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на питачење

Полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за општ криминал при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за општ криминал при СВР Велес денеска реализираа превентивна активност за спречување на питачење. На граѓаните им беше потенцирано да се воздржат од давање пари на лицата кои питачат, а секој забележан случај на питачење, особено од страна на деца на улица, да го пријават во надлежните институции. Целта на превентивната активност е да се надмине проблемот со лица на улица, нивна заштита и целосно вклучување во општеството.

Како што информираат од МВР, одделението за превенција при СВР Скопје пак, реализира едукативен час за сообраќајна култура со децата од Меѓународното училиште „Нова“, со акцент на однесувањето на децата како учесници во сообраќајот во улога на пешаци и велосипедисти. Полициските службеници од ПС БПС и Отсекот за превенција при СВР Битола на Техничкиот факултет во Битола учествуваа на тркалезна маса посветена на користењето на електричните тротинети. Во Виница и Штип пак, полициски службеници од СВР Штип реализираа сообраќајна превентивна активност со цел подигање на степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Исто така, денеска полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро, реализираа едукативна активност со учениците од ООУ „Мирка Гинова“ од село Лабуништа. Децата беа запознаени со начинот на работа на полицијата, службената опрема и активностите кои секојдневно се преземаат во насока на заштита на граѓаните и одржување на безбедноста на државната граница и Охридското Езеро.