Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Превентивни активности на МВР за безбеден сообраќај и спречување кражби

– Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во повеќе општини беа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во повеќе општини беа спроведени превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување кражби.

Во Велес, Неготино, Делчево и Свети Николе, полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС БПС при СВР Велес, ОВР Неготино и СВР Штип реализираа превентивни активности „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Користи сигурносен појас“ во чии рамки на граѓаните им беше укажано за ризикот од користење мобилен телефон за време на управување со возило и обврската за користење сигурносни појаси во возилата, која се однесува на возачите, но и на патниците во возилата.

Одделението за превенција при СВР Скопје, пак, во централното подрачје на Скопје реализира превентивна активност насочена кон безбедноста на пешаците. Пеитоа беше потенцирана важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, во насока на зголемување на нивото на сообраќајна култура и зачувување на личната и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот.

Реклама

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк” во село Пласница, Македонски Брод, спроведоа превентивна активност со учениците, при што ги запознаа со основните правила и прописи во сообраќајот, односно како безбедно да стигнат од дома до училиште и обратно.

Полициски службеници од СВР Велес, ОВР Кавадарци и ПС Берово во Велес, Кавадарци и Берово реализираа превентивни активности „Заштити го својот дом“ и преку непосредна комуникација ги советуваа граѓаните како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Во рамки на активностите беше поделен и печатен едукативен материјал.