Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Превенција и современа терапија – клуч за намалување на дијабетесот

Дијабетесот не е само дијагноза – тоа е секојдневна борба. Секое утро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дијабетесот не е само дијагноза – тоа е секојдневна борба. Секое утро започнува со прашање дали денот ќе биде стабилен или исполнет со неизвесност? Иванка Караѓозова Трчкова, која 30 години живее со дијабетес тип 1, вели дека живототт со оваа болест е сериозен предизвик. Пациентите и натаму се соочуваат со недостиг од сензори, ленти, глукомери. Дополнително,често недостига и антидијабетна терапија. Според пациентите, проблемот не е поединечен туку системски.

“Во глобала со баланс меѓу секојдневните обврски кои треба да ги вклопиме заедно со регулацијата на шеќерот и дијабетот” рече Караѓозова Трчкова, пациентка.

Од Здружението на дијабетичари порачуваат дека се потребни коренити промени во здравството. Бараат итни и долгорочни решенија.

Реклама

Според лекарите кои работат со дијабетичари, велат дека освен што е важна терапијата многу поважен за овие пацинети е начинот на живот.

“Идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана” вели д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“.

“Главната порака на нашиот прирачник е дека здравата исхрана не е ограничување, туку можност и здрава исхрана му е потребна на секој здрав човек”, изјави д-р Цветанка Волкановска Илиевска, од Клинката за ендокринологија. 

Во Македонија има околу 120 илјади пациенти со дијабетес, од нив 44 илјади примаат терапија. Лекарите предупредуваат дека е неопходно спроведување на современи превентивни програми, обезбедување на иновативна инсулинска и антидијабетна терапија со цел да се стабилизира бројката на ново заболени но и на оние кои живеат со оваа дијагноза.