Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски денеска се сретна со Џианг Сјаојен амбасадорка на Народна Република Кина во Македонија.

-Во пријателска атмосфера разговаравме за досегашната комуникација, заемната почит и соработката, како и за бројните успешни проекти меѓу двете земји кои се од значење за граѓаните. Особено ми е драго што соработката ја градиме и преку културата. Филмот и културната размена сè уште една важна нишка што ги поврзува нашите пријателски народи и традиционалните вредности што ги споделуваме – објави Димитриевски.
Средбата се одржа во рамки на претстојниот прв фестивал на кинески филм во Македонија, чие свечено отворање ќе се одржи вечерва во Занаетчискиот дом во Куманово.

