Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Институциите со заедничка декларација: Засилен одговор против насилството кај младите

Тепачките на улиците меѓу младите и се почестото девијантно однесување во и надвор од училиштата, стануваат се посериозен општествен проблем. Надлежните уверуваат дека потребна е поголема координирана акција меѓу сите институции за подигање на јавната свест и кај младите и родителите, со цел поефикасно справување со овој предизвик. Министерот за социјална политика, демографија и млади, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тепачките на улиците меѓу младите и се почестото девијантно однесување во и надвор од училиштата, стануваат се посериозен општествен проблем. Надлежните уверуваат дека потребна е поголема координирана акција меѓу сите институции за подигање на јавната свест и кај младите и родителите, со цел поефикасно справување со овој предизвик. Министерот за социјална политика, демографија и млади, Лимани порача дека насилството не смее да се третира како изолиран проблем, туку како предизвик што бара итно дејствување од сите чинители во општеството.

„Насилството кај младите не е проблем на една институција, туку предизвик за целото општество и затоа нашиот одговор мора да биде заеднички, координиран и одлучен“, изјави Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади

„Најважно е младите да бидат слушнати, да имаат глас и да живеат во средина без страв и насилство“, изјави Килијан Вал, амбасадор на ОБСЕ

Реклама

Дека образовниот систем има клучна улога во раното препознавање и спречување на врсничкото насилство потврди и министерката за образование. Јаневска потенцираше дека фокусот на институциите, треба да биде ставен на превентивните механизми се со цел да се создаде безбедна средина во училиштата.

Нашата задача е насилството да го сведеме на најниско можно ниво преку јакнење на превенцијата и создавање безбедна училишна средина“, изјави Весна Јаневска – министерка за образование и наука.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека полицијата веќе има засилено присуство и интензивна комуникација со училиштата.

„Врсничкото насилство бара сериозен одговор од повеќе институции. Станува збор за појава што зема замав и мораме да одговориме со заеднички сили“, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, додавајќи дека полицијата е во постојана комуникација со училиштата и има засилено присуство меѓу учениците.

За координирано справување формирана е првата работна група од Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која ќе има за цел да ги зајакне институционалните капацитети во земјата и активно да ги вклучи младите во  процесите на одлучување и креирање политики поврзани со нивната безбедност.