Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Претставници на МВР во посета на албанската Агенција за надзор на полицијата

Претставници на Министерството за внатрешни работи од Одделот за внатрешна контрола биле во посета на албанската Агенција за надзор на полицијата. Како што соопштија попладнево од МВР, делегација од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, предводена од помошник на министерот, м-р Ивица Станковски, во организација на DCAF, Женевски центар за управување со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници на Министерството за внатрешни работи од Одделот за внатрешна контрола биле во посета на албанската Агенција за надзор на полицијата.

Како што соопштија попладнево од МВР, делегација од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, предводена од помошник на министерот, м-р Ивица Станковски, во организација на DCAF, Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, одржала работна посета на албанската Агенција за надзор на полицијата. Делегацијата на Одделот била пречекана од директорот на Агенцијата за надзор на полицијата, Клевис Ќосе.

За време на посетата се разговарало за зајакнување на професионалниот интегритет на вработените и унапредување на внатрешните капацитети. Биле размененти искуства за организацијата и функционирањето на институциите за полициски надзор, методологиите за оперативни истраги, постапувањето по претставки од граѓани, механизмите за отчетност, како и предизвиците поврзани со зголемувањето на транспарентноста и јавната доверба.

Реклама

– Од особена важност беше истакнато зајакнување на регионалната соработка и споделување на најдобрите практики во областа на полицискиот надзор. Претставниците на Агенцијата го презентираа албанскиот модел на полициски надзор, организациската структура и работните практики на Дирекцијата за истраги и Дирекцијата за инспекции и претставки, додека делегацијата од Одделот ја претстави организациската структура и ги сподели искуствата од приоритетите на Планот за професионален интегритет 2026-2028 – информираа од МВР.