Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Претседателот на ПС на Советот на Европа Русопулос ќе се обрати пред пратениците

Собранието денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по вчерашниот втор круг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по вчерашниот втор круг од локалните избори. Пред пратениците ќе се обрати претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос.  

Како што се најавува во календарот за активности на закододавниот дом, Русопулос ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој ќе се сретне и со Марија Петрушевска, шефица на Делегацијата на Собранието на Македонија во ПССЕ и членовите.

На седницата се очекува да биде констатирано дека тројца членови на овој парламентарен состав на првиот круг од локалните избори се избрани за градоначалници и тоа Елизабета Стаменковска-Трајковска во Кисела Вода, Јане Мицевски во Сопиште и Дејан Продановски во Прилеп. На местата на Стаменковска-Трајковска и Мицевски пратеници треба да бидат следните на листата во Изборната единица 1, додека на местото на Продановски од Изборната единица 4. 

Реклама

Во текот на следните денови во собраниска процедура се очекува да влезе и Буџетот за 2026 година.   

Активностите на Собранието беа запрени поради Локалните избори 2025.