Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Претседателката Силјановска-Давкова в среда во Софија на средба со Јотова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова в среда во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова, во рамки на самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, при што очекува да се отворат и суштински прашања во односите меѓу двете земји. Во интервју Силљановска-Давкова најави дека средбата ќе биде продолжение на претходните контакти и можност за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова в среда во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова, во рамки на самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, при што очекува да се отворат и суштински прашања во односите меѓу двете земји.

Во интервју Силљановска-Давкова најави дека средбата ќе биде продолжение на претходните контакти и можност за зајакнување на довербата. 

– Тоа е природно продолжение на нашата средба во Ереван едно пријатно женско говорење. Мислам дека треба да го продолжиме тоа и затоа во текот на разговорот со вас ја споменав неопходноста од мерки за градење доверба. Ако граѓаните не контактираат, ако во проекти заеднички не учествуваме… морам да кажам, кога првпат го сретнав господинат Радев во Софија и се случи оној инцидент со знамињата, се заборави, сите кои бевме присутни на работниот ручек каде што тој говореше за потребата од соработка во многу области во кои заедно би постигнале подобро, полесно, многу многу успеси. И јас мислам дека тоа е единствениот начин за да можеме ние bona fide да се однесуваме. Да не се навредуваме, да не повредуваме, да се обидеме да ги мериме зборовите рече таа.

Реклама

Во однос на прашањето дали е информирана за содржината на средбите на премиерот Христијан Мицкоски со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во Тиват, претседателката посочи дека очекува дополнителни информации од утрешната средба со премиерот.