Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Претседателката на КХВ, Абази во Охрид: Амбицијата мора да биде пазар на капитал што расте и ги претвора заштедите во инвестиции

Амбицијата не треба да биде само пазар на капитал што функционира, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбицијата не треба да биде само пазар на капитал што функционира, туку пазар што расте, ги претвора заштедите во инвестиции и на кој граѓаните му веруваат, компаниите го избираат, а инвеститорите сакаат да останат, порача во обраќањето претседателката на Комисијата за хартии од вредност, м-р Бујаре Абази, на 25. Годишната конференција на Македонската берза во Охрид.

Абази истакна дека македонскиот пазар на капитал се наоѓа во период на значајна регулаторна и развојна транзиција, во која усогласувањето со европските стандарди треба истовремено да обезбеди сигурност и доверба, но и да создаде простор за иновации и поголема динамика на пазарот. „Пред нас е двоен предизвик: од една страна, мораме да изградиме регулаторна рамка која гарантира сигурност и доверба, а од друга страна да поттикнеме иновации и динамика на пазарот“, нагласи Абази.

Според неа, еден од клучните предизвици е активирањето на домашниот пасивен капитал. Граѓаните и компаниите располагаат со значителни заштеди, а задачата на институциите и на пазарните учесници е да создадат услови дел од тие средства да препознаат дополнителни можности за инвестирање преку пазарот на капитал. Абази посочи дека пазарот на капитал не треба да се гледа како конкурент на банкарското кредитирање, туку како негово неопходно надополнување, особено при финансирањето на поризични и иновативни проекти и обезбедувањето дополнителни извори на капитал за малите и средните претпријатија. Осврнувајќи се на европската интеграција, Претседателката на КХВ нагласи дека усогласувањето со ЕУ не смее да значи слепо наметнување административен товар, туку воспоставување поедноставни, појасни и пропорционални правила кои ќе ги намалат трошоците за учесниците, а истовремено ќе го зачуваат интегритетот на пазарот.

Реклама

Таа го истакна и приклучувањето на КХВ кон регулаторна иницијатива заедно со седум земји членки на Европската Унија, оценувајќи дека тоа отвора можност за поинтензивна размена на искуства и усогласување на регулаторните практики. Абази информираше и дека, со поддршка од Министерството за финансии и во соработка со берзанската заедница, се подготвени новите преодни одредби за претстојното усогласување на овластените учесници со новиот Закон за финансиски инструменти, чија примена започнува следната недела. Според неа, новата законска регулатива треба да биде основа за следната развојна фаза на македонскиот пазар на капитал – транспарентен, интегриран и атрактивен за домашните и странските инвеститори и способен да понуди нови инструменти за финансирање на економијата.

Претседателката на КХВ повика на силно партнерство меѓу регулаторот, Министерството за финансии, овластените учесници, компаниите и инвеститорите, нагласувајќи дека развојот на пазарот е заедничка одговорност.

„Целта не треба да биде само пазар што функционира. Нашата амбиција мора да биде пазар што расте. Пазар што ги претвора заштедите во инвестиции. Регулативата во доверба, а довербата во развој“, порача Абази.