Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

🎥 Претходната власт направила 82 милиони евра долг по болниците и здравствените установи, долгот е сега преполовен

Со јавашлук, недомаќинско работење,самоволие и расфрлање со пари кое траело со години,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со јавашлук, недомаќинско работење,самоволие и расфрлање со пари кое траело со години, раководствата на здравствените установи ги удавиле болници во долгови кои се бројат во милиони евра. Првиот човек на Фондот за здравство Клековски,вели дека пред една година кога дошол на позиција затекнал хаотична состојба и вкупен долг од околу 80 милиони евра.Најголем долг од 13 милиони евра имала клиниката за онкологија, потоа државната кардиохиругија со 4 милиони  еврадолг и клиниката за гинекологија. Според последните информации сега вкупниот долг на сите здравствени установи е намален на 48 милиони евра и поголемиот дел од институциите немаат проблеми со финансиското работење. Во зависност од  буџетските можности се редуцираат старите долгови.Проблем имаат помалите здравствени установи кои иако располагаат со помал буџет,сепак се аздисувало,па така на дел од раководните структури им преседна директорувањето и завршија со лисици на раце.

 “Во многу болници морам да кажам има недомаќинско работење знаете дека во Прилеп има и уапсени и во притвор во моментов заради кривични дела сторени таму.Така што мислам дека со домаќинско работење до крајот на годината почеток на следната година долгот ќе го сведиме на одржливо ниво”– вели Сашо Клековски,директор на Фонд за здравство

И не се проблем само долговите туку и тужбите кои ги поднесуваат вработените. Клековски откри дека само кочанската болница која ја тужат вработените за неиспатени надоместоци за работа,треба да ги обештети со приближно 357 илјади евра.

Реклама

“И морам да кажам има многу тужби од вработени за неисплатени надоместоци за работа, за неисплатени јубилејни награди, за многу работи неисплатени, што покажува дека имало релативно големи самоволие во однесување на менаџментот на здравствените установи бидејќи во основа тоа се спорови кои задолжително се губат бидејќи по закон и колективни договори постојат права за тоа” –додава Клековски

Инаку финансиското раздолжувањето на болниците оди во добра насока,од општите болници со големи долгови се соочуваат Кичево,Куманово и Охрид каде за една година од  171 милион денари доспеани долгови во овој момент долгот е 117 милиони ,односно намален е за над 50 милиони.Она што сакавме низ преговорите со здравствените установи е да постигнеме одржливо ниво на финансирање кое нема да создава нови долгови,појаснува Клековски.