Реклама

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Економија

Преспанските овоштари во ќорсокак без рускиот и украинскиот пазар, јаболката ги продаваат за само 2 денари

„Државата не остави на цедило. Навреме не ни обезбеди алтернативни пазари, па…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Државата не остави на цедило. Навреме не ни обезбеди алтернативни пазари, па сега јаболкото ни се откупува за денар-два. Тоа е исто како да сме го фрлиле, бидејќи производната цена ни е минимум 15 денари“. Вака реагираат и преспанските јаболкопроизводители, кои како и другите македонски земјоделци веќе сериозно размислуваат или да го намалат, или целосно да се откажат од производството.

  • „Не е само Русија земја каде што може да се даде јаболкото. Низ целиот афрички континент сигурно дека немаат јаболка, а имаат пример нафта. Значи, можеа да направат компензирање или друго, ама никој од власта не мисли за народот, за земјоделците, во тоа е работат. Оваа година има многу луѓе што ги оставија овошните насади. Ако вака остане состојбата како што е, значи никој нема да го работи јаболкото. Околу четвртина од овошките повеќе не се работат, не се кројат. Со Русите ни беше најдобро, зашто ни го откупуваа во време на бербата“, објаснува Горан Дивјакоски, јаболкопроизводител од сeло Јанкоец, ресенско.


Преспанските јаболкопроизводители се жалаат дека загубите им се огромни, дури и до 70 проценти. „Министерсвото и државата никако да се разбудат и да разберат дека во Македонија има вистински земјоделци кои освен што живеат од земјоделие, тие ја хранат и нацијата“, ни рече Вулнет Сабриу, кој има 9.000 садници со 15 врсти јаболка.

  • „Состојбата со јаболкото во Македонија е во банкрот. Тотален банкрот. Шест години по ред, од 2016-та наваму, секоја година јаболката имаат лоша цена. Денар, пет денари, седум денари, десет денари. Не е ова една година. И ние самите не знаеме како понатаму“, ни изјави Вулнет Сабриу од село Горна Бела Црква, ресенско.

Инаку, во моментов, како што нерофицијално дознаваме, во Преспа на големо се откупувало јаболко за извоз во Србија по цена од само денар и пол до два за килограм.

Реклама

Каролина Дурло