Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Препораки од здружението „Стогово“ откако мечка беше видена и на булеварот во Дебар

Здружението на ловци „Стогово” – Дебар предупредува на, како што наведува, загрижувачка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на ловци „Стогово” – Дебар предупредува на, како што наведува, загрижувачка појава во градот  и населените места, каде сè почесто диви животни како мечки, диви свињи, волци и лисици се приближуваат до населените места но и влегуваат во нив. Оваа појава, посочуваат, претставува зголемена опасност за граѓаните и жителите во руралните подрачја, но и во градот.

– Овој феномен најчесто се случува во есенскиот период, кога дивите животни – особено мечките – бараат повеќе храна за да се подготват за зимата. Пред неколку дена, во доцните вечерни часови, граѓаните на Дебар се соочија со возрасна мечка на главниот булевар во градот, што претставуваше сериозна опасност, стои во известувањето на здружението.

Се додава дека без намера да се создаде паника,  но со цел да се заштитат граѓаните, ја чувствуваат обврската да дадат неколку важни совети како да се постапува во вакви ситуации.

Реклама

– Останете смирени – не правете брзи движења и не трчајте, повлекувајте се полека наназад, без да му го свртите грбот на животното, зборувајте со тивок и смирен глас, за мечката да разбере дека сте човек. Не ја гледајте директно во очи – тоа може да го сфати како провокација. Доколку е на поголемо растојание, направете мала бучава (плеснете со раце, зборувајте со нормален тон) за да се оддалечи. Ако пак е блиску и сè уште не ве забележала, останете мирни додека не се оддалечи. Веднаш известете ја полицијата, шумската служба или општината, советуваат од здружението.

До жителите здружението и со совети што не треба да прават: Не трчајте – мечката е многу побрза од човекот, не викајте и не ја провоцирајте, не ѝ приојѓајте за фотографии или видеа, никогаш не ја хранете – ќе се навикне да се враќа повторно, не ја следете во шумата, не оставајте храна надвор од домот или објектите.

– Здружението на ловци е секогаш подготвено да им помогне на граѓаните и да соработува со надлежните институции за спречување на вакви случаи, порачуваат од здружението.