Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Македонија

Преполните контејнери им пречат на Скопјани, бараат редовно и навремено да бидат чистени

Преполни контенјери кои прераснуваат во мали депониии и шират страшна миризба станува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преполни контенјери кои прераснуваат во мали депониии и шират страшна миризба станува секојдневие за Скопјани. Поради ѓубрето кое е натрупано и разнесено на тротоарите, граѓаните се принудени да прескокнуваат кеси со смет. Ништо подобра не е ни состојбата на улиците и булварите кои не се метат редовно, а ретко се чистат и корпите за отпадоци.

Во обиколката која ја направи екипата на Алфа  низ главниот град забележавме дека на неколку места дури и корпите за рециклирање отпад се преполни. Па граѓаните кои рециклираат тоа не можат да го направат и прашуваат како оние кои повикуваат на општествена одговорност, не си ја завршиле својата работаСпоред нив  состојбата е алармантна. Смрдеата која доаѓа од неисчистените контејнери дополнително им го отежнува секојдневието со и онака енормно загадениот воздух. Апелираат до градската управа да биде поажурна, но и бараат компаниите кои поставуваат канти за рециклирање отпад да ги празнат редовно.

Реклама

,,Не се чисти доволно, лошо е кажа граѓанин
,,Лоша е состојбата, секој ден смрдеа ни доаѓа на терасите од кантите
кажа граѓанка

,,Не се чисти редовно, не доаѓаа ниту да метатизјави граѓанка

За експертите проблемот е децениски. Сметаат дека се  потребни темелни и системски решенија и меѓуинституционална соработка. Проблемот го адресираат во Град Скопје, кој нема обезбедено оптимални услови за работа на надлежните претпријатија.

,,Градот Скопје којшто е надлежен за јавните комунални претпријатија сеуште ги нема дооекипирано за да можат нормално да функционираат. Нема системи за контрола и евиденција колку отпад влегува, каде се носи, немаат ваги, тие едноставно немаат систем каде оди тој отпад и што со него се прави”, изјави еко активистот Тони Никушевски.

Сликата со пореполни контејнери во разни делови на Скопје често се повторува, но главната борба е како главниот град да воспостави добар систем за управување со отпадот кој треба да даде решение за дивите депонии во густо населени градски подрачја. Од градската управа долго време молчат и не одговараат ниту едено прашање, а со самото тоа останува неодговорено до кога во главниот град тротоарите ќе се претвораат во диви депонии.