Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Македонија

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на Самитот Европска Унија- Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, во Црна Гора. Самитот, како што соопштуваат од Владата ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на Самитот Европска Унија- Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, во Црна Гора.

Самитот, како што соопштуваат од Владата ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија.

По завршувањето на Самитот во 15:30 часoт е предвидена заедничка прес- конференција во Naval Heritage Museum во Тиват.

Реклама

На Самитот му претходеше турнејата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на земјите од Западен Балкан, во рамки на која се сретна со лидерите од регионот, а денеска ќе биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. 

Кошта на 2 јуни беше во посета на Скопје, каде се сретна со Мицкоски, а потоа одржаа и заедничка прес-конференција на која премиерот посочи дека македонската позиција е јасна – „остануваме цврсто определени кон европскиот пат, не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа на другите, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес, бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите, и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани“.

Главната тема на овој самит е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.