Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Набиена агенда и состаноци со влијателни личности – Мицкоски единствен лидер од Балканот на инаугурацијата на Трамп

Набиена агенда и состаноци со влијателни личности – Претседателот на владата, Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Набиена агенда и состаноци со влијателни личности – Претседателот на владата, Христијан Мицксоки единствен лидер од Балканот на инаугурацијата на Доналд Трамп. Македонскиот премиер, посетата во Вашингтон ја искористи за средба со Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, а сега во новата администрација нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.

„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на Македонија!“ вели Христијан Мицкоски, премиер

Претходно Мицкоски се сретна со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компани, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на групацијата Рамбле.

Реклама

„Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните… Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас“ вели Христијан Мицкоски, премиер

Мицкоски се сретна и со еден од највлијателните конзервтаивни американски новинари, Такер Карлсон, како и со познатата телевизиска новинарка Мегин Кели и со Патрик Бет Дејвид, бизнисмен и сопственик на американскиот култен бејзбол клуб „Њујорк Јенки“. Мицкоски учествуваше и на прединагурациската свеченост МАГА- бал кој се приредува од поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Давид Крстевски