Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Преку забрзување на реформите и координација меѓу владите, парламентите и политичките чинители до побрзо членство во ЕУ

Северна Македонија и другите држави аспиранти за членство во Европската Унија мора…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Северна Македонија и другите држави аспиранти за членство во Европската Унија мора да го забрзаат реформскиот процес преку координирана работа меѓу владите, парламентите и политичките чинители – порача денеска заменик‑претседателот на Владата и министер за европски прашања Беким Сали на меѓурегионалната средба во Скопје, на која учествуваат претставници од Западен Балкан, Украина, Молдавија, Грузија, Европската комисија и меѓународни партнери.

Сали истакна дека сите држави очекуваат процесот на проширување да биде транспарентен, заснован на заслуги и на реални интегративни резултати, кои придонесуваат за подобро функционирање на институциите, финансиска стабилност и поголема безбедност.

– Ние сме многу посветени на реформската агенда, која е составен дел од интегративниот процес. Ги исполнуваме чекорите навреме и како држава сме подготвени за нови обврски. Имаме предложено речиси 25 точки, што сме подготвени да ги реализираме – истакна Сали додавајќи дека се очекува Европската комисија да ги потврди предложените мерки или да достави дополнителни барања.

Реклама

Тој нагласи дека реформите не може да се спроведат без активна улога на парламентите и без координација меѓу позицијата и опозицијата.

 – Комуникацијата меѓу Владата, Собранието, позицијата и опозицијата мора да биде унифицирана. Само со таков пристап можеме да се надеваме на побрза реализација на крајната цел, полноправно членство во Европската Унија – истакна Сали.

Во однос на регионалната соработка, тој потврди дека на средбата присуствуваат и делегации од Украина, искажа благодарност до Германската амбасада и ГИЗ за поддршката и нагласи дека иницијативата има цел да го забрза процесот на интеграција на деветте држави аспиранти.

– Нема кратење или олеснување на процесот, туку размислување за негово забрзување. Прашањето е дали можеме заеднички да го забрзаме процесот, кој трае со години, и да го реализираме за две – додаде тој.

Во врска со најавената турнеја на претседателката на Европската комисија, Сали потврди дека Урсула фон дер Лајен се очекува на почетокот на октомври да ја посети земјата во рамките на нејзината турнеја во низ сите држави од Западен Балкан.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: