Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Преку реконструкција на старите одежди, Бигорскиот манастир ја оживува манастирската занаетчиска традиција од 18. век

Во познатото македонско древно светилиште – Бигорскиот манастир се реконструирани свештенички одежди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во познатото македонско древно светилиште – Бигорскиот манастир се реконструирани свештенички одежди според сочувани примероци од XVIII век, со што повторно се оживува дел од старата манастирска занаетчиска и уметничка традиција на Малореканскиот крај.

– Не станува збор само за изработка на нови богослужбени одежди, туку обид да се сочува и продолжи еден специфичен дел од материјалното културно наследство на Бигорски и Македонија. Во нашот манастир од втората половина на XVIII век постоела сопствена работилница за изработка на богослужбени одежди, предводена од мајсторите Георгиј и Константин. Работилницата функционирала речиси три децении, а сочуваните примероци сведочат за развиена занаетчиска и уметничка дејност во Бигорската обител, информираа од Бигорски манастир.

Според истиот извор на две од зачуваните одежди се забележани годините 1761 и 1783–1786, период кој се поврзува со игумените Иларион и Трифилиј.

Реклама

– Тие се значајни и поради својата иконографија. На ткаенината се претставени Христос, Богородица со Богомладенецот, цар Константин и царица Елена и други светители, надополнети со крстови, натписи и богати растителни орнаменти. На тој начин одеждите претставуваат своеобразна спојка на црковната уметност, текстилното занаетчиство и духовното наследство на еден период. Тие не се само богослужбени предмети, туку и сведоштво за естетиката, техниките и уметничките врски што постоеле во Бигорски и пошироко во Мијачкиот крај, нагласуваат од манастирот.

Интересен е податокот дека манастирската работилница била активна со децении. Нејзиното постоење отвора прашања за организацијата на занаетчиското производство во манастирите и за врските меѓу Бигорски и другите уметничко-занаетчиски центри на Балканот.

За да бидат реконструирани што поверно, оригиналните одежди биле детално проучени во Музејот на Македонија во Скопје. Биле документирани нивните иконографски композиции, орнаменти, крстови, натписи, декоративни појаси и начинот на кој се распоредени мотивите.

Како главна основа за новата реконструкција е земен примерокот од 1786 година, при што се комбинирани елементи од двата сочувани историски типа.

Посебно внимание е посветено и на крстот на задниот дел од фелонот, за кој постои можност да е поврзан со крстовидниот мотив од старото мијачко знаме. Доколку оваа поврзаност се потврди со понатамошни истражувања, таа би претставувала уште една интересна врска меѓу црковната уметност и поширокиот етнокултурен идентитет на Мијачкиот крај.

Новите одежди не се изработени со старата техника на печатење врз памучна и ленена ткаенина, туку со современа техника на жакардно ткаење. Сепак, при изработката се настојувало да се зачуваат оригиналните мотиви, композицијата и визуелниот карактер на историските примероци.

На новите одежди се задржани и годините 1761 и 1783–1786, а додадена е и 2026 година, со што е означено времето на нивната реконструкција.

Овој зафат е реализиран од браќата од Бигорски, отец Антониј и отец Стефан, заедно со сестрите Анастасија и Христина од манастиорт во Рајчица.

Со реконструкцијата, старите бигорски одежди добиваат нов живот – не само како музејски и историски предмети, туку и како дел од современиот богослужбен живот.

– Од културен аспект, значењето на проектот е токму во обидот едно материјално сведоштво од XVIII век да не остане изолирано во музејска витрина, туку преку истражување и реконструкција повторно да стане дел од традицијата што го создала. На тој начин се поврзуваат старото манастирско занаетчиство, мијачката уметничка традиција и современата грижа за културното наследство, констатираат од Бигоркиот манастир.