Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Прегрупирање на независните граѓански иницијативи – ќе формираат политички партии пред избори

Неколку независни граѓански иницијативи, меѓу кои „Шанса за Центар“, „Независни за Карпош…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неколку независни граѓански иницијативи, меѓу кои „Шанса за Центар“, „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“, Зелените од Гази Баба и активисти од други скопски општини и градови, објавија формирање заедничка платформа, која ќе се регистрира како политичка партија.

Со оваа одлука тие се обидуваат да го обезбедат своето учество на претстојните локални избори, откако правниот вакуум што настана по одлуката на Уставниот суд ги остави независните без јасна можност за кандидирање.

Од иницијативата велат дека ова е одговор на долготрајниот обид на големите политички партии да ги истиснат независните од изборниот процес. За регистрација на новата платформа како партија потребни се 1.000 потписи од граѓани, а од „Шанса за Центар“ нагласуваат дека потпис може да се даде само за една опција.

Реклама

Од платформата испраќаат порака дека остануваат отворени за приклучување на други граѓански иницијативи од целата држава.

Истовремено, иницијативата „Зелен хуман град“ најави дека самостојно ќе формира политичка партија составена од активисти за заштита на животната средина и животните. Велат дека се принудени на овој чекор бидејќи, според нив, и власта и опозицијата заеднички го блокирале патот за независно учество на изборите.

„Или ќе формираме партија или ќе кренеме бело знаме“, порачаа од „Зелен хуман град“, посочувајќи дека промените во Изборниот законик биле намерно донесени за да се оневозможи учество на независни кандидати.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, најави дека ова прашање ќе мора да се реши, но не знае кога би се постигнала согласност меѓу парламентарните партии за нов закон. Доколку тоа не се случи до летниот одмор, можно е прашањето да се одложи до крајот на август.