Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Прилози

Преговори или пропаганда – САД и Иран со спротивставени тврдења, цената на нафтата падна

Дали навистина се водат преговори меѓу Иран и САД или се тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали навистина се водат преговори меѓу Иран и САД или се тоа сепак само шпекулации? Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека војната со Иран била добиена и дека Техеран сакал да преговара. Од Иран демантираат.

„Мразам да го кажам ова, но ги убивме сите нивни лидери. Потоа се состанаа за да изберат нови лидери и ги убивме сите таму. И сега имаме нова група, лесно можеме и со нив исто да направиме. Но, да видиме како ќе се покажат. Всушност, имаме промена на режимот. Знаете, ова е промена на режимот, бидејќи лидерите се многу различни од оние со кои почнавме, што ги создадоа сите проблеми“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД“, изјави Доналд Трамп.

Официјален Техеран, пак, со демант вели дека Вашингтон си преговара сам со себе.

Реклама

„Дали вашите внатрешни конфликти стигнаа до точка каде што преговарате сами со себе? Нашиот прв и последен збор е ист од првиот ден и ќе остане таков: некој како нас никогаш нема да постигне договор со некој како вас. Ниту сега, ниту кога било“, велат од иранското МО.

На терен, ситуацијата останува иста, со секојдневни меѓусебни напади.

Израелската армија денеска ги гаѓаше инфраструктурните делови во Техеран, при што бил погоден станбен објект. Иран возврати со напади кон Израел и земјите од регионот. Кувајт пријави дека бил погоден аеродромот во главниот град, но за среќа – без жртви.

И покрај дилемите околу тоа дали воопшто има преговори на релација САД – Иран, изјавите на Трамп ги смирија пазарите. Цената на нафтата се намали за 4 проценти и денеска таа повторно е во границата до 100 долари. Барел нафта се продава за 98 долари.

Мартин Трајчевски