Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје

– Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик, а јавен обвинител предложи мерка притвор. Како што информира ОЈО, тој на 15 јуни околу пладне, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред Амбасадата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик, а јавен обвинител предложи мерка притвор.

Како што информира ОЈО, тој на 15 јуни околу пладне, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.

-На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на Бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот, соопшти ОЈО.

Реклама

Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на Судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката.