Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер

Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во натамошна процедура.  Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски појасни дека законот произлегува од потребата да се обезбеди посеопфатна и поефикасна заштита на здравјето, особено на децата и младите. Тука е, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во натамошна процедура. 

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски појасни дека законот произлегува од потребата да се обезбеди посеопфатна и поефикасна заштита на здравјето, особено на децата и младите. Тука е, додаде, и обврската за усогласување со европското законодавство. 

– Пушењето е водечка причина за смртност и хронични болести во Република Македонија. Според податоците од Светската здравствена организација, над 45 проценти од возрасната популација во земјата пуши, што ја става Република Македонија помеѓу земјите со највисока стапка на пушење во Европа. Пушењето е поврзано со повеќе од една третина од сите случаи на карцином на белитедробови и значителен дел од кардиоваскуларни болести – посочи заменик-министерот. 

Реклама

Андовски посочи дека кај младите од 13 до 15 години потребата од тутунски или никотински производи достигнува 13,6 проценти во 2024 година, што е највисоко ниво досега. Електронските цигари се искачиле на девет проценти. Седумдесет и три проценти од младите што се обиделе да купат цигари не биле одбиени. Тој говореше и за влијанието од туѓиот чад. Се осврна и на подобрувањата со новите законски решенија.