Реклама

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Македонија

Предлог законот за парнична постапка е прифатлив, во Собранието ќе се организира јавна расправа 

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница донесе одлука дека Предлог законот за парнична постапка е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање и за организирање јавна расправа. 

Предлог законот за парнична постапка, кој пред пратениците е со европско знаменце, за заменик министерот за правда Ален Деребан, е еден од најзначајните реформски закони во областа на правосудството.

– Станува збор за системски закон, кој директно влијае врз функционирањето на судството, правната сигурност на граѓаните и довербата во институциите. Со неговото донесување реализираме уште една важна обврска од развојната стратегија за правосудството 2024-2028 година, но и од програмата за работа на Владата за 2025 година, што е дел од поширок реформски процес, насочен кон создавање на ефикасно, модерно и доверливо правосудство, истакна Деребан.

Реклама

Според него, потребата од негово донесување е реална и суштинска. 

– Практиката со години покажуваше низа сериозни слабости во примената на постојниот закон во парничната постапка: долги и неефикасни постапки, проблем со доставата, чести одлагања на рочиштата, недоволно прецизни правила за вештачење и недоволна дигитализација на судските постапки и предмети. Токму затоа, новото законско решение носи длабоки и суштински измени, кои треба да обезбедат побрза, поефикасна, поправична парнична постапка, рече Деребан.

​Клучните новини во законското решение, појасни се обезбедување поквалитетна правна заштита и поефикасно водење на парничната постапка и унапредување на постапката за вештачење, воведување задолжителна електронска достава од страна на двете страни, како значаен чекор кон целосна дигитализација на судските предмети.

– ​Дополнително се воведува можност јавните расправи да се одржуваат по електронски пат, со аудио-визуелна комуникација во реално време. ​Зголемување на опфатот и забрзување на постапките во споровите од мала вредност, намалување на висината на глобите за учесниците во постапките, со цел поголема правичност и пропорционалност. ​За прв пат се воведуваат претставничките тужби за заштита на колективните права и интереси. Се унапредува пристапот до правда за поголем број група на граѓани, а воедно се избегнува и големото и нерационално трошење на ресурси, додаде Деребан.

​Предлог законот, посочи, е усогласен со повеќе други системски законски решенија, меѓу кои законите за вештачење, за заштита на потрошувачите, за бесплатна правна помош, за електронски документи и за меѓународно приватно право.
​
– Законот за парнична постапка е дел и од реформската агенда на државата, тоа е обврска која е поврзана со нашите стратешки определби за европска интеграција и владеење на правото. Со усвојувањето на овој закон, испраќаме јасна порака дека државата е подготвена да спроведува вистински, суштински реформи во правосудството, нагласи Деребан, додавајќи дека преку конструктивна расправа, ќе биде донесен квалитетен закон, кој ќе биде во интерес граѓаните, правната сигурност и ефикасноста во судството, истакна Деребан.

Пратеничките од опозицијата, Соња Мираковска и Јованка Тренчевска забележаа дека се работи за законско решение изработено уште во 2021 година, со јазично и техничко доуредување.
 
– Законот е дел и од реформската агенда и од акцискиот план. Кога беше доставен во 2021 година во Собранието неможеше да се донесе затоа што немавме консензус од тогашната опозиција, ВМРО – ДПМНЕ, и покрај обидите за негово донесува до 2024 година не беше донесен, истакна Мираковска, нагласувајќи дека нема никаква структурна ниту суштинска разлика меѓу тој и новиот текст.

Пратеничката Тренчевска осврнувајќи се на тоа дека текстот на предлог законот суштински е идентичен со оној во 2021 година забележа оти изминатите две години реформите во судството биле заложник во политичка конфронтација.

Европскиот фронт, според пратеникот Сали Мурати, ќе го поддржи законот за парнична постапка, најавувајќи дека ќе интервенира со амандмани за отстранување на некои недоречености. Законот, нагласи, содржи добри особености и решенија кои се вистински напредок.

Членовите на Комисијата донесоа одлука и за организирање јавна расправа.