Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Предизборен рејтинг – на Мицкоски му расте, на Заев му паѓа

Кој губи, а кој добива ако утре се одржат парламентарни избори? Последната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кој губи, а кој добива ако утре се одржат парламентарни избори? Последната анкета го даде одговорот , предноста е во рацете на ВМРО ДПМНЕ. Но истовремено две тенденции други се забележливи особено во последното истражување на јавното мислење. Едната е дека расте рејтингот на лидерот на опозицијата а втората е дека паѓа довербата на граѓаните кај премиерот.

Првото е лесно илустративно. Според последната на МКД.МК спроведена од Маркет вижн, ако утре се одржат парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ е во предност со 14,17% пред СДСМ со 11,58%. Понатаму, на анкетата спроведена во мај 2018 тата година од страна на Телма и МЦМС Мицковски имал рејтинг од 2.9 % додека пак истата година во ноември лидерот на опозицијата бележи раст од 4.5 проценти, односно неговиот рејтин е 7,4 проценти.

Професорката Иванка Василевска која е член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ смета дека двете години од новото раководство на партијата донесоа развој, оти од партија која беше линчувана заради минатото раководство сега се подготвени за целосна обнова на Македонија, што би почнала со нивна изборна победа.

Реклама

Во една многу мрачна и неизвесна ситуација, Христијан Мицкоски создаде тим кој трпеливо зајакнуваше во текот на овие две години и од таму на крајот на оваа 2019 година, со гордост можеме да кажеме дека сме во моментов спремни да ги превземеме сите државни обврски, вели Василевска.

Кога станува збор за првиот човек во Владата, Заев, кај него очигледна е надолната линија во оценката што анкетираните во последната анкета ја дале. Па така од 2,61 во ноември 2018, паднала на 2,40 во декември.

Инаку анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од  1.200 испитаници во периодот од 12 до 20 декември.

Мери Ѓорѓиевска