Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Предавање „Неизграденото: Просторите што го дополнуваат градот“

Предавање на тема „Неизграденото: Просторите што го дополнуваат градот“ на д-р Ивана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предавање на тема „Неизграденото: Просторите што го дополнуваат градот“ на д-р Ивана Ангелова вечерва во 19 часот ќе се одржи во Музејот на современата уметност во организација на Амбасадата на Јапонија. Како концептуален придружник на тековната изложба на Јапонската фондација, ова предавање ќе го истражи неизградениот простор како суштински, но често занемарен дел од градот Токио. Дискусијата накратко ќе се осврне и на постземјотресно Скопје и визијата на Кензо Танге за неговата реконструкција, нудејќи уште една перспектива за односот помеѓу изграденото и неизграденото. Предавањето ќе се одржи на македонски јазик.

-Предавањето на д-р Ангелова, ги истражува улиците, градините, зелените коридори, празнините и секојдневната култура што им вдивнува живот на просторите во Токио. Како концептуален пандан на тековната изложба, ова предавање ја разгледува неизградената средина како суштински, но често занемарен дел од градот. Нѐ повикува да погледнеме подалеку од изградените структури и да ги согледаме просторите преку кои градот се поврзува, се доживува и се живее.

Во јапонскиот контекст, „неизградено“ не значи едноставно празно. Тоа ги вклучува тесните улици и премини, малите паркови, зелените коридори и речните брегови, градините (големи и мали, приватни и јавни), како и сите празнини, рабови и меѓупростори што тивко го поврзуваат урбаното ткиво, посочуваат од Амбасадата на Јапонија.

Реклама

Наместо да бидат празни, како што велат, овие простори активно учествуваат во создавањето на градот.

-Со особен фокус на Токио, предавањето ги разгледува овие често мали и ненаметливи простори како места каде што изградената средина почнува да „дише“. Тие создаваат простор за движење, средби, природа и малите ритуали на секојдневниот живот. Но, можеби најинтересното кај нив не е само нивната физичка форма, туку и начинот на кој луѓето ги користат: како се грижат за нив, како поминуваат низ нив, како садат во нив и ги прават свои. Во таа смисла, овие простори никогаш не се само „помеѓу“. Тие стануваат дел од животот на градот, обликувани подеднакво и од своите корисници и од својот дизајн, прецизираат од Амбасадата.

Нагласуваат дека дискусијата накратко ќе се осврне и на постземјотресно Скопје и визијата на Кензо Танге за неговата реконструкција, нудејќи поинаква перспектива за односот меѓу изграденото и неизграденото.

-Додека Токио ја открива вредноста на малите, детално разработени и постепено создадени простори, Скопје отвора прашања за улогата на отворениот простор, инфраструктурата и јавниот живот во рамките на големите планерски визии за модерен град. Овие два контекста се доведуваат во дијалог, поттикнувајќи нѐ повторно да размислиме што е она што го комплетира градот. Можеби урбаната средина не се обликува само од она што го градиме, туку подеднакво и од она што го оставаме отворено, го поврзуваме, го негуваме, се грижиме за него и го правиме свое, посочуваат од Јапонската амбасада.

Д-р Ивана Ангелова е доцент на Институтот за животна средина, Катедра за екологија и заштита на животната средина при Факултетот за земјоделски науки и храна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирала архитектура и магистрирала на Архитектонскиот факултет при УКИМ, а докторските студии ги завршила како стипендист на Владата на Јапонија (MEXT) на Универзитетот Меиџи во Токио, Јапонија. Нејзината експертиза е насочена кон квалитетот на јавниот простор, урбаната отпорност, просторните услови, урбаното земјоделство и зелените градови.

Поседува меѓународно академско и професионално искуство стекнато во Јапонија, Еквадор, Германија, Шпанија и Македонија. Активно е вклучена и во наставните активности на Архитектонскиот факултет, особено во предметите поврзани со урбаното проектирање и пејзажната архитектура.