Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Пред изгрејсонце православните домаќинки ги вапсаа велигденските јајца

Православните Христијани денеска го одбележуваат Велики Четврток, денот на Тајната вечера, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Православните Христијани денеска го одбележуваат Велики Четврток, денот на Тајната вечера, на светата причест, на предавството… Домаќинките утрото од рано в зори, пред изгрејсонце започнаа со бојадисување на првите три велигденски јајца.

„На денешниот ден Велики Четврток вапцуваме три јајца, претежно мора да се црвени, затоа што црвената боја претставува крвта на Исус Христос… Пред изгрејсонце се вапцуваат јајцата затоа што се верува дека ако изгрее сонцето, јајцата ќе се расипат, првото јајце е наклонето за Господ и е во црвена боја поради господовата крв, второто јајце е за домаќинот, а третото јајце е за бериќет и за стоката“ вели Снежана Миловановска

Според традицијата на Велики Четврток жените најмногу време поминуваат во своите кујни каде што ги вапсаат велигденските јајца и ги финишираат подготовките за велигденските празници.

Реклама

„Традиционално се кршиме со јајца, јас обично фарбам јајца околу 60-тина, затоа што имаме дечиња, па децата сакаат и цела корпа да ја искршат, па претежно за нив правам во боја до декопаж, сепак тие се радуваат“ вели Снежана Миловановска

Утре е Велики Петок, ден на распетието и на страдањето, на смртта  и погребението на Исус Христос. Тоа е најтешкиот и најтажниот ден во годината кога тишината е најгласна.

Давид Крстевски