Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Пред да падне во „Рекет“, Боки 13 бил во Влада, МВР и УЈП

Пред да биде фатен во „Рекет“, Боки 13 одел на средби во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред да биде фатен во „Рекет“, Боки 13 одел на средби во Владата, во Министерството за внатрешни работи и во Управата за јавни приходи, ова денеска пред судот го кажа неговиот возач Стојан Арсовски, кој се појави во улога на сведок на одбраната. Тој го возел Јовановски и во Обвинителството со кое раководеше второобвинетата во „Рекет“, Катица Јанева.

-Тоа ми беше во описот на работно место. Се сеќавам дека со Гордана Дувњак еднаш ги однесов во СЈО. Го носев и во Владата, МВР, УЈП. Додека тој беше внатре јас го чекав надвор на паркингот, опиша шоферот на денешното рочиште за „Рекет“, кажа пред судот Арсовски.

Арсовски говореше и за патувањата на Јовановски, во неколку наврати го возел надвор од државата. На едно од тие патувања, во Белград Боки 13 земал плико полно пари од Фута Радуловиќ, сопругот на Марина Туцаковиќ

Реклама

Гардеробата повторно беше една од главните теми и на денешното рочиште. Исто како и Сергеј Варошлија и возачот на Боки 13 вели дека неговиот шеф добивал на подарок скапи парчиња гардероба од светски познати дизајнери.

-Тоа беа ивенти на светски брендови, се презентира гардероба за следната сезона, тие се од затворен карактер, дел од презентациите се подаруваат на учесници на ревиите. Точно е дека Бојан добивал подароци од тие дизајнери. Не можам да не се сеќавам, зашто јас ги носев до колата, кажа Арсовски.

Пред судот денеска сведочеше и Тони Јосифовски, хирургот кој му го оперираше желудникот на Боки 13. Тој кажа дека Јовановски бил задоволен пациент, кој ја терал и Катица Јанева да се оперира. Јосифовски нагласи дека сепак не ја оперирал поранешната специјална обвинителка, ниту пак разговарал за такво нешто. Хирургот говореше и за средбите кои го остварувал со Боки 13, неколку од нив во домот на првообвинетиот во „Рекет“.

Матеја Петровски