Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Празното министерското место во труд и социјала може да претставува проблем

Празното министерско место во министерството за труд и социјала е своевиден проблем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Празното министерско место во министерството за труд и социјала е своевиден проблем , вели претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски за Алфа. Тој вели дека празното место е резултат на пропусти во законот, но тоа тие како комисија не можат да го решат.

Во законот за влада е регулирано дека во министерствата каде има технички министри и дополнителни министри е регулирано дека треба да има врзани потписи. Пишува доколку еден не е задоволен од кадровски, финансиски и слични одлуки може да поднесе барање до Државната изборна комисија за истото да се разгледа или пак да да поднесе тужба до управниот суд за дали некој акт е законит, но за да се постапи на тој начин лицето подносител треба да има активна легитимација, а сега едно место е празно, но тоа е нешто кое не може да го реши Државната изборна комисија, тоа е пропуст во законот, тоа е кога се прават закони со импровизација, вели Оливер Дерковски – претседател на државната изборна комисија.

Како ќе се регулира работата на министерството останува нејасно, оти во законот за влада односно во член 46 пишува дека за министерствата каде има тех. министер и дополнителен министер мора да има врзан потпис.

Реклама

ЗАКОН ЗА ВЛАДА ЧЛЕН 46:

Дополнителниот заменик на министерот, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот или лица овластени од него, заменикот на министерот како и државниот секретар во соодветното министерство, а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите.

  • Ако актот или документот од членот 46 ставови (3) и (4) од овој закон е одобрен, т.е. потпишан само од едното лице се смета дека истиот не произведува правно дејство.

Дали ќе настане проблем со тоа што едното место во министерството за труд и социјала ќе остане празно е се позивесно со оглед на фактот дека ќе нема кој да биде првиот, односно вториот потписник.

Вчера Собранието се распушти, а местото на Мизрахи остана не пополнето, односно со министерството ќе раководи сега дополнителната министерка Санела Шкриељ, а како ќе се регулира работата на министерството без два потписа останува нејасно.

Инаку веднаш по разрешувањето на Мизрахи, Владата ги поништи сите нејзини решенија за кадровски и одлуки и овластувања.

Мизрахи беше разрешена оти дрежла прес коноференции на пред табла на која пишувало Република Македонија, и со тоа не го почитувала Уставот и ги прекршила законите.

Мери Ѓорѓиевска