Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Празни улици, полни куфери – почнаа празничите патувања

Скопје е релативно празно. Го нема секојдневниот метеж во главниот град. Продолжениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје е релативно празно. Го нема секојдневниот метеж во главниот град. Продолжениот викенд за Велигден, скопјани ќе го поминат во познатите македонски туристички места ама и надвор од границите. Покрај Охрид кој се очекува да биде преполн со домашни туристи, голем дел од македонските граѓани ќе отпатуваат и во соседна Грција..

Дел од граѓаните ќе заминат и на некои европски дестинации каде што веќе имаат уплатено аранжмани. Од туристичките агенции велат дека и покрај глобалните неизвесности сите аранжмани се потврдени и откажувања- нема. Нема ниту поскапувања на труситичките понуди. Поради стравот кај дел од македонските граѓани од неизвесноста на Блискиот Исток, одлучиле место ОАЕ и Египет, да одмараат во Шпанија, Италија и скандинавските земји за претстојните празници. Од таму додадаваат дека се очекува трендот на барање понуди за европските метрополи да продолжи и во следниот период, по оптимистичките најави за почетокот на мировните преговори помеѓу Иран и САД.

ТЕЛОП Т.А.

Реклама

„И покрај случувањата на Блискиот Исток, интересот за патувања не опаѓа-напротив,се забележува пренасочување на туристите кон поблиски и побезбедни дестинации како Шпанија, Италија,Франција,Скандинавските метрополи и други медитерански земји. Искуството покажува дека туризмот брзо се прилагодува и се враќа по вакви кризи,а желбата за патување останува висока. Сезоната започнува стабилна,со благо враќање на довербата кај патниците, и секако со наш позасилен фокус за сигурност и флексибилност при резервации“ ни соопштија од Туристичката агенција Фибула.

Туристичките работници очекуваат цените на аранжманите да останат непроменети и да се движат во рамки на првично одредените цени. Но, според нив, се зависи од текот на разговорите помеѓу САД и Иран. Ако се договорат, тогаш цената ќе остане иста. Можно покачување на аранжманите очекуваат само поради поскапувањето на авионските карти, кои пак директно зависат од цената на нафтата на светските берзи.