Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Празен плоштад, полн Aеродром – Зимзоленд радост за граѓаните

Двете страни на предновогидишно Скопје. Празен плоштад и скромна понуда на едната,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двете страни на предновогидишно Скопје. Празен плоштад и скромна понуда на едната, детски џагор и богата новогодишна програма на другата страна на престолнината. Новогодишните празници го поделија главниот град. Празничната еуфорија не секаде исто се чуствува.

На плоштадот Македонија воошто не владее празнична еуфорија.

Центарот на градот како да не се подготвува за престојните новогодишни празници.  Слично како и лани, кога фградоначалничката Данела Арсовска во пет до 12 реши да украси, а  плоштадот од Скопје беше повод за потсмев во јавноста и медиумите од регионот.

Реклама

Оваа година куќарките кои се поставени на плочникот околу пропаднатата фонтана не се отворени за посетителите, гужви има само во околните кафулиња. 

“Ние сме од Крушево, ова тука не е украсено, Крушево е подобро украсено, уште пред три дена”, изјави граѓанин

“Дали ова ви изгледа на украсено? Каде гледате дека е украсено? Ова е катастрофа” изјави граѓанин

“Не сметам дека е доволно украсено, но, се надевам дека ќе се подобри, треба да се подобри”, изјави граѓанка

Но не е се така мрачно во метрополата. Предновогодишната атмосфера во Скопје сепак се чувствува благодарение на отворањето на Зимзоленд во  кој се одржува на паркингот на спортскиот центар ,,Јане Сандански” во општината Аеродром. Од Зимзоленд  најавија културна програма која ќе понуди забава за сите генерации, од најмали до највозразни. Новогодишната манифестација ќе трае до 19 јануари, 2025 година.

“Ова е фантастично, одамна требаше да има вакви настани за децата да се радуваат, не само тука, во сите општини” изјави граѓанин

“Супер е. Децата се радосни, уживаат во настанот” изјави граѓанин

“Од утринава сме тука, ќерка ми ужива на лизагалиштето. Ова е добро за сите не само за децата, фантастично е, посебно навечер” изјави граѓанка

Предновогодишното украсување на главниот град последните неколку години го следат низа на контраверзии. Имено, минатата година градот беше украсен без тендер за околу 30.000 евра за што во финансиската полиција имаше оформено и предмет.

Даниел Ѓорѓевски