Реклама
Македонија

Правда за едни, привилегии за други? Случајот Богоев ги отвори прашањата за двојни аршини во судството

Одлуката на Судот да ги прифати 55-те илјади евра во кеш од Богоев за да излезе од келија е незаконска. Парична гаранција за да се излезе од притвор може да ја покрие опасноста од бегство или повторување на делото, но таа не важи како покритие дека Богоев може да влијание врз сведоците или на самата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуката на Судот да ги прифати 55-те илјади евра во кеш од Богоев за да излезе од келија е незаконска. Парична гаранција за да се излезе од притвор може да ја покрие опасноста од бегство или повторување на делото, но таа не важи како покритие дека Богоев може да влијание врз сведоците или на самата истрага. Во ваков случај, како што нема ни куќен привтор, туку само му е одземен пасошот и има забрана да ја напушит Македонија, екс-директорот на Царина, ако сака, би можел да мешетари во истрагата.

  • Ако сакате конкретното решение да го, да го коментираме и зашто истото е незаконско. Истото е незаконско, бидејќи кога има активна истрага, постои правна пречка во смисла на тоа да, гаранција се дава само за да се отстрани опасноста од бегство и опасност од повторување на делото, коишто се основи за притвор по член сто шеесет пет став еден точки еден и три, но не и за да се покрие опасност од влијание на истрагата и на сведоците, а во моментот е активна истрагата за Стефан Богоев и затоа истиот не можеше да даде гаранција и тоа гаранција којашто воопшто не е, во некоја огромна висина, иако не е пропишана конкретна висина, се проценува од случај до случај“ вели адвокатот Јанаки Митровски.

Има многу примери каде судот право секакви лупинзи за да ги извади од затвор моќниците. Ммитровски потсетува дека истата пракса од обвинител веќе се случи еднаш во случајот со „Мазутот“ односно за време на истрага и опасност од влијание, ефективниот беше заменет со домашен притвор и гаранација од пари и имот.

  • И токму затоа тврдам дека не е законски да се, да се даде гаранција и за ни еден обичен смртник тоа се нема случино, а во серија минати случаеви се случи да се бара спојување. Конкретно така беше мислам дека за случајот Мазут, да се бара спојување на домашен притвор и гаранција, што е повторно правен нонсенс затоа што гаранцијата е да се браните од слобода, а во куќниот притвор вашата слобода е ограничена на вашиот дом. Сите овие, сите овие правни, правни салтамортале се резервирани исклучиво за категоријата којашто ја споменав, а за плебсот тоа не важи“ вели адвокатот Јанаки Митровски.

Проблем со одлуката на судот не е само што незаконски прифатил гаранција, туки и двојните аршини кога се одлучува за политички или финансиски моќници и обични смртници. Митровски е дециден дека притворот се злоупотребува во Македонија, па наместо последна се користи како прва мерка.

Реклама

Екс-претседателот на СДСМ и поранешен градоначалник на Карпош, пак по 5 дена, вчера попладнето го напушти истржаниот затвор но одби да и одговори на јавноста со какви докази ќе се правда пред судот.

  • „Имам предмет, ќе го докажувам на суд, на вас нема да го докажам, за жал, или за среќа“, и порача Богоев на јавноста.

Богоев и неговиот заменик, како и двајца од битолска фирма се осомничени за злоупотреба на службена положба, примање и давање мито, бидејќи наместиле тендер за хигиенското оддржување на граничните терминали тежок 300 илјади евра. Дополнително, досега беше откриено дека ексдиректорот на Царина земал мито од 1800 евра.