Во рамки на Клубот на младински прашања и политики, денеска во Собранието ќе се одржи средба меѓу пратеници и ученици од средни училишта, учесници во програмата „Најгласни“.
Програмата „Најгласни“ ја имплементираат Фондација Конрад Аденауер и Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), со цел поттикнување на младинското учество, лидерството и активизмот кај средношколците.
