Реклама

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Македонија

Народниот правобранител по повод Меѓународниот ден на белиот стап: Пристапноста и самостојното движење се права, а не привилегии

По повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, Народниот правобранител…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, Народниот правобранител потсетува дека правото на самостојно, безбедно и достоинствено движење е нераскинлив дел од човековото достоинство и предуслов за еднакво учество на лицата со оштетен вид во општествениот живот.

Белиот стап, како симбол на самостојноста, независноста и слободата на движење, потсетува дека пристапноста не претставува привилегија, туку основно човеково право и предуслов за остварување на другите права и слободи.

Во оваа насока, Народниот правобранител потсетува дека Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, особено членовите 9 (Пристапност), 19 (Самостојно живеење и вклученост во заедницата) и 20 (Лична мобилност), ја обврзуваат државата да презема соодветни мерки за обезбедување пристапност до физичката средина, транспортот, информациите и комуникациите, како и за олеснување на личната подвижност на лицата со попреченост со најголема можна самостојност.

Реклама

Вистински инклузивно општество е она во кое лицата со оштетен вид не мора да ги приспособуваат своите животи на постојните пречки, туку пречките се отстрануваат за секој човек да може самостојно, безбедно и достоинствено да ги остварува своите права.

Во таа насока укажува на неопходноста од понатамошно унапредување на практичната примена на стандардите за пристапност, особено преку обезбедување безбедни и непречени пешачки површини, тактилни патеки, звучна сигнализација на семафорите, пристапен јавен превоз, информации во достапни формати и дигитални услуги што можат да ги користат слепите лица и лицата со оштетен вид.

Според Народниот правобранител, отстранувањето на бариерите не смее да зависи од поединечни иницијативи, туку мора да биде составен дел од системските политики, планирањето и распределбата на јавните ресурси, како на централно, така и на локално ниво.

Истовремено, од особено значење е обезбедувањето соодветна поддршка за ориентација и мобилност, пристап до асистивни технологии и помагала, како и активно и суштинско вклучување на слепите лица и лицата со оштетен вид и нивните репрезентативни организации во процесите на донесување одлуки што непосредно ги засегаат.

Како институција која го следи спроведувањето на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, Народниот правобранител ги повикува надлежните министерства, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите надлежни субјекти да преземат конкретни и одржливи мерки за отстранување на постојните бариери и за обезбедување еднакви можности за слепите лица и лицата со оштетен вид.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на белиот стап треба да биде потсетник дека вистинската еднаквост не се постигнува само со признавање на правата, туку со создавање реални услови за нивно секојдневно остварување.

Народниот правобранител останува посветен на заштитата и унапредувањето на правата на лицата со попреченост, следењето на спроведувањето на Конвенцијата и поттикнувањето институционална одговорност за изградба на пристапно и инклузивно општество за сите.