Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла тврдењата на Трендафилов изнесени за пратеничката Стојаноска

Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, Слободан Трендафилов одбра…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал.

Ова не е напад врз семејство, ова е очајнички крик на еден „синдикалец“ кој мисли дека со солзи и етикетирања ќе го избрише фактот дека ги троши парите на работниците за личен луксуз, се наведува во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира и отфрла неговите очајни обиди за дефокусирање од вистината.

Реклама

Правосудните органи веќе имаат чист случај пред себе во кој Трендафилов веќе требаше да дава исказ пред надлежните органи и да сноси одговорност за злоупотреба на службено возило за приватни цели. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, тој истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.

Јавно го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори постапка и да истражи како се користело службеното возило во ССМ од денот на неговото назначување до денес. Дали во правилникот на ССМ пишува дека претседателот смее да го користи имотот на работниците како своја приватна сопственост за приватни потреби со гориво наполнето токму од парите на работниците?

Трендафилов залудно бара виновници кај пратениците. Спорната снимка е преземена од социјалните мрежи и е веќе јавно достапна. Најверојатно е снимена од револтиран работник или член на ССМ, на кој му е преку глава од вакви „заштитници“ на работничките права.

Трендафилов е фатен жив во сопствената лага и сега му е виновно ВМРО-ДПМНЕ за неговата неспособност. Јасно е дека неговата главна мисија не е платата на работникот, туку зачувување на сопствената фотелја и привилегиите кои очигледно не сака да ги пушти. Народот многу брзо ќе се увери во вистинското лице на овој човек чија уста е полна со патните трошоци на пратениците, додека рацете му се длабоко во џебот на работникот. Ова видео не е напад, туку огледало во кое Трендафилов не може да се погледне, бидејќи во него гледа функционер кој треба веднаш да си замине и да сноси кривична одговорност.

Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат.

На крајот, нападот врз нашата колешка Дафина Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот. Кога немате аргументи, се служите со навреди и етикетирања.

Упатуваме силна порака дека времето на манипулации заврши. Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.