Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Со реализацијата на повеќе проекти, но и со збогатувањето на културно-забавната понуда,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со реализацијата на повеќе проекти, но и со збогатувањето на културно-забавната понуда, Крушево зад себе остава успешна летна туристичка сезона. Во текот на летово, честопати се бараше и кревет плус, како во хотелските, така и во приватните сместувачки капацитети, факт којшто укажува дека туризмот во Крушево зема замав, иако бројките сè уште не се конечни, бидејќи летната сезона не е завршена.

„Во зависност од периодот, се случувало капацитетите да бидат максимално исполнети, да нема место плус и тоа е нешто што нè радува и се надеваме дека до година тие бројки ќе бидат многу повисоки. Можам да најавам, ете, едно изненадување за кое не сум овластен да зборувам, меѓутоа ќе биде еден генератор на поголема понуда за летниот период, а и понатаму за општина Крушево“, вели Нико Чонески, градоначалник на Крушево.

Изградбата на уште две нови современи параглајдерски полетишта, потоа на обиколницата, која како капитален проект е во напредна фаза од реализацијата, па инфраструктурното уредување на просторот околу вештачкото езеро, се само мал дел од проектите кои треба градот да го вратат на голема врата на пошироката туристичка мапа, особено со екстремниот туризам.

Реклама

„Екстремниот туризам како посебна гранка на туризмот е препознаена од страна на општина Крушево, бидејќи Крушево поседува одлични услови за надградба и одвивање на тој вид туризам… Ретко кој знае дека во Крушево има езеро, вештачко, се разбира, но е еден бисер кој апсолутно досега не е искористен. Се работи за езеро каде што водата со филтрација и со одреден третман може и да се пие, значи до толку е чиста таа вода, и е секогаш топла, иако е на околу 1.350 метри надморска висина“, објаснува Чонески.

Проектната документација за оплеменување на околината на езерото со пешачки патеки, спортски и детски игралишта, плажи и друга адекватна инфраструктура, веќе е во завршна фаза, па локалните власти оптимистички веруваат дека до наредното лето и тоа ќе стане своевидна туристичка атракција и дополнителна понуда за бројните туристи кои се одмораат во Крушево.

Напоредно со ова, интензивно се работи и на идејата за изградба на патеки за планински велосипедизам со цел, покрај веќе популарното параглајдерство, Крушево да се најде на мапата за организирање на меѓународни натпревари и во тој спорт. Според градоначалникот, сите овие активности се во насока на подобрување на локалниот економски раст и развој на општината.