Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Прилози

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Септември како јули. Високите температури не попуштаат. Македонија е повторно во портокалова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Септември како јули. Високите температури не попуштаат. Македонија е повторно во портокалова фаза мна целата територија. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека денеска и утре температурите ќе бидат над просекот за годинава, кога го живееме досега најтоплото лето. Надпросечните температури не ставаат во т.н. Портокалова фаза која значи дека треба да се вбнимава. Не само за опасноста од пожари, туку воопшто за здравјето на граѓаните.  Лекарите советуваат деновиве да се внимава:

„Граѓаните да внесуваат што повеќе течности од 3 до 4 литри во периодот од 11 часот до 18 часот да не излегуваат од своите домови освен при некои неодложни активности коишто треба да ги обават и да ги завршат. Задлжително треба да носат капа очила за сонце, заштита фактор за против сонце светла облека да внесуваат полесна храна повеќе овошје повеќе зеленчук повеќе течности а да избегнуваат масна тешка и мрсна храна“, изјави Драган Ѓорѓиевски, доктор по општа медицина

Лекарите велат да се внимава и при подготовка и чување на храна. Таа треба добро да биде подготвена да не се чува надвор и на топло поради опасноста од брзо развивање на бактерии кои предизвикуваат труење со храна.

Реклама

Хидрометеоролозите велат дека топлотниот бран ќе трае и во наредните два дена. Промени се очекуваат во втората половина на нареднатѕа недела:

„Во наредните денови, утре и во вторник, ќе биде исто сончево и топло. Со мала до умерена болачност. Максималните температури ќе бидат до 34, 35 степени најтопло. Температурите се за неколку степени над просекот за септември. И од среда имаме промени на времето, не очекуваат врнежи од дожд, засилен ветер, повремени грмежи и наместа пороен дожд“, изјави Вилен Поповски, синоптичар во УХМР

Ширум Европа илјадници смртни случаи се поврзуваат со горештините а неколкуте последователни топлотни бранови пеплосаа безброј шуми низ континентот. Кај нас во текот на август Македонија беше под влијание на неколку изразени топлотни бранови од Африка. Максималните температури редовно надминуваа 35°C, а во најжешките денови и региони се искачија и над 40°C.