Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Ѓорѓиевски: Утре започнува уривањето на објектите и пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на телевизија Алфа ексклузивно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на телевизија Алфа ексклузивно најави дека од утре започнува уривањето на објектите и пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“.

Ѓорѓиевски информираше дека е завршен рокот за иселување на жителите на кои им е целосно исплатена експропријацијата, со што се отстранети сите пречки за почеток на активностите. Со пробивањето на трасата ќе се создадат услови мостот конечно да биде целосно ставен во функција.

Станува збор за мостот кој во јавноста со години беше познат како „мостот што не води никаде“ и „мостот за ловење риба“, бидејќи беше изграден без соодветно сообраќајно поврзување.

Реклама

Градоначалникот посочи дека практиката од минатото, граѓаните да бидат оставани без одговор и со години да чекаат исплата, е завршена. Надоместокот за експропријацијата бил исплатен уште следниот ден, а Градот им помогнал на жителите и во целиот процес на иселување.

Ѓорѓиевски нагласи дека лично застанал зад овие граѓани и дека ниту еден човек не бил оставен сам да се справува со проблемот.

Со почетокот на пробивањето на трасата се исполнува уште едно големо ветување. Иако реализацијата беше најавена во рок од четири години, проектот ќе биде завршен многу порано – како доказ дека кога се работи одговорно и посветено, резултатите не чекаат.