Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Влада: Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст

Најновите податоци за август покажуваат продолжување на стабилизирањето на цените и позитивните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најновите податоци за август покажуваат продолжување на стабилизирањето на цените и позитивните движења во македонската економија. Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата. 

Годишната стапка на инфлација во август 2026 година изнесува 2,6 проценти, додека во истиот месец во 2022 година инфлацијата изнесувала дури 16,8 проценти. Тоа, како што се вели во соопштението, покажува колку значително е намален инфлацискиот притисок во споредба со периодот кога граѓаните и стопанството се соочуваа со силен раст на цените.

-Особено значајна е споредбата со европските економии. Според досега објавените податоци на Евростат, инфлацијата во еврозоната во август се проценува на 3,3 проценти, наспроти 2,6 проценти во Македонија. Во јули инфлацијата во еврозоната изнесуваше 2,9 проценти, додека во Македонија беше 2,3 проценти. Тоа значит дека втор месец по ред Македонија има пониска стапка на инфлација од еврозоната, потенцираат од Владата. 

Реклама

Од досега објавените податоци на Евростат за август, пониска стапка од 2,6 проценти имаат Финска со 2,4 проценти, Малта со 1,9 проценти и Естонија со 1,3 проценти. Истовремено, повисока инфлација имаат голем број европски економии, меѓу кои Бугарија со 5,1 проценти, Шпанија со 4,5 проценти, Белгија со 4,2 проценти, Хрватска со 3,7 проценти, Грција со 3,7 проценти, Словенија со 3,4 проценти, Италија со 3,2 проценти и Германија со 2,9 проценти.

-Овие податоци се особено важни ако се има предвид дека инфлациските притисоци во Европа повторно се засилуваат. Инфлацијата во еврозоната се зголеми од 2,9 проценти во јули на проценети 3,3 проценти во август, при што енергетската компонента бележи годишен раст од 14,3 проценти. Македонија, во услови на повторно засилени надворешни ценовни притисоци, успева да ја одржи инфлацијата на релативно ниско ниво, потенцират од Владата.

Ова, според Владата, е уште еден позитивен економски показател на почетокот на септември. Индустриското производство во јули бележи раст од 1,3 проценти на годишно ниво, а во првите седум месеци од годината е зголемено за 0,9 проценти.

-Последните економски показатели треба да се гледаат како целина – раст на индустриското производство, раст на економијата и стабилизирање на инфлацијата на ниво пониско од еврозоната. Владата останува целосно посветена на политики коишто ќе обезбедат стабилност на цените, заштита на животниот стандард, повисоки плати и пензии, нови инвестиции и забрзан економски раст. Од инфлација од 16,8 проценти во август 2022 година до 2,6 проценти во август 2026 година. Од ценовни шокови кон стабилизација. Од економска неизвесност кон раст и поголема предвидливост, се вагласува во владиното соопштение. 

Македонската економија, нагласуваат од Владата се стабилизира, а позитивните показатели од почетокот на септември даваат основа овој тренд да продолжи.