Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Балкан

ЦИК во Софија: До 16 часот на претседателските избори во Бугарија гласале 16.04 отсто од избирачите

До 16 часот, одѕивот на претседателските избори во Бугарија изнесува 16.04 проценти,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 16 часот, одѕивот на претседателските избори во Бугарија изнесува 16.04 проценти, соопшти портпаролката на Централната изборна комисија, Стојанка Балова попладневната прес-конференција во Софија.

На претходните избори за претседател во 2021 година одѕивот на гласачите во овој период бил 24,12 проценти.

– Најголем одѕив има во Софија, 25.09 отсто, додека најнизок е во Крџали, 6.77 отсто, рече Балова.

Реклама

Избирачките места се отворија во 7 часот по локално време, а гласањето треба да заврши во 20 часот. Доколку пред избирачките места има граѓани кои чекаат да го остварат своето право на глас, изборниот ден може да биде продолжен најдоцна до 21 часот.

Право на гласање на претседателските избори имаат 6,59 милиони граѓани кои треба да изберат нов претседател и потпретседател на државата од рекордни  27 кандидатски двојки.

Меѓу најистакнатите кандидатски двојки се актуелната претседателка Илијана Јотова со кандидатот за потпретседател Кирил Валчев, Андреј Ѓуров и Георги Кандев, како и Костадин Костадинов и Петар Волгин, Радослав Василев и Красимир Манов, Иван Христанов и Стојанка Черкезова…

Првите резултати од излезните анкети се очекуваат вечерва по 20 часот, а официјалните резултати од првиот круг Централната изборна комисија (ЦИК) треба да ги објави до 27 октомври.