Реклама

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Македонија

Познати листите за кандидати за пратеници на власта и опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ со нови имиња, СДСМ со веќе проверени кадри

Познати имињата на првите тркачи за добивање на гласови од власта и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Познати имињата на првите тркачи за добивање на гласови од власта и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ промовираат нови имиња за кандидати за пратеници додека пак од СДСМ одат веќе проверени кадри, но и повеќе места за коалиционите партнери.

Во првата изборна единица ќе се соочат актуелниот министер за надворешни работи,  Никола Димитров од СДСМ и надпарттискиот кандидат Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Во втората пак копјата ќе ги вкрстат тех. премиер Оливер Спасовски и потпретседателот на опозициската партија Владо Мисајловски. Во третата изборна единица битка на генералните секретари. Носител на коалицијата СДСМ – БЕСА е Љупчо Николовски, додека пак негов противник ќе биде Игор Јанушев. Во 4ката која е и матична изборна единица на лидерот на СДСМ, носител ќе биде токму Заев кој ќе се соочи со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. Во 5та изборна единица од СДСМ ќе биде единствената жена која е на списокот носител т.е. Радмила Шекеринска која ќе се бори за гласови со над партискиот кандидат подржан од коалицијата за Обнова на Македонија, Игор Дурловски. Во последната изборна единица гласовите ќе ги лови Билал Касами од БЕСА, а Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде негов соперник.

Аналитичарот Агим Јониз за Алфа вели дека листите на коалцијата за Обнова на Македонија се свежи и со нови лица што е за поздравуање, а за листите на социјал-демократите вели дека тие овој пат одат на сигурно.

Реклама

Откако се објавија имињата на кандидати за пратеници поддржани од ВМРО-ДПМНЕ, прв на удар се најде новинарот Сафет Бишевац кој порано беше пратеник на СДСМ. Тој на реакциите одговори дека на листата на опозицијата се нашол оти  сега го привлекла намерата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да гради нормална европска држава.

Мери Ѓорѓиевска