Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Позитивни сигнали од Вреди за постизборна коалиција со ВМРО ДПМНЕ

Ако ни се погодат програмите нема да има никаков проблем да коалицираме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако ни се погодат програмите нема да има никаков проблем да коалицираме со ВМРО ДПМНЕ. И двете сме опозициски партии и сосема е природно да коалицираме по изборите. Ова денеска го изјавија од коалицијата Вреди, која според последната анкета на ИПИС стои прилично стабилно како постизборен партнер во новата Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ. 

Важно ни е на нас да добиеме кај албанскиот електорат па потоа водејќи според бројките ако се усогласуваат и програмите на двете коалициони партнери, секако дека не е проблем за коалицирање со било која партија што ќе се усогласат самите програми“, рече Фари Хисени од Вреди.

Дали првиот алабански премиер се продаде за валканите милиони од бизнисот со казината што Артан Груби преку својата Лотарија ги реализира со српското и бугарското подземје, прашуваат од Вреди.

Реклама

„Да потсетиме и до ден денес никој не може да го заборави приемот на десната рака на Владимир Путин, Сергеј Лавров во Скопје од Бујар Османи. Значи многу е јасно дека ДУИ од партија на војната се претвори во партнер на Москва и Белград. Меѓу другото, Насер Зибери ја кажа и вистината за избегнувањето на Али Ахмети да биде кандидат за претседател на овие претседателски избори. Дури и Али Ахмети знае дека лошо ќе загуби, затоа реши да го жртвува Бујар Османи“, рече Хисени.

Од Вреди го посочија и телевизиското интервју на поранешниот кандидат за премиер од ДУИ,  Насер Зибери, од пред два дена, па прашуваат „дали двегодишниот мандат на албанскиот премиер бил заменет и продаден за милионите од скандалот Соравија кој беше купен од 25 годишниот внук на Али Ахмети за 25 милиони евра“.

Љубиша Владимиров