Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Позитивни оценки од евроамбасадорот Рокас за темпото на испорачување на Реформската агенда

Со забрзано темпо се спроведуваат реформите поврзани со европската интеграција на земјата, оцени евроамбасадорот Михалис Рокас. Според него, и покрај одредени доцнења во исполнувањето на обврските, во изминатиот период е постигнат видлив напредок во нивната реализација. Рокас очекува до крајот на месецот Собранието да ги разгледа и усвои преостанатите реформи, по што Европската комисија ќе […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со забрзано темпо се спроведуваат реформите поврзани со европската интеграција на земјата, оцени евроамбасадорот Михалис Рокас. Според него, и покрај одредени доцнења во исполнувањето на обврските, во изминатиот период е постигнат видлив напредок во нивната реализација. Рокас очекува до крајот на месецот Собранието да ги разгледа и усвои преостанатите реформи, по што Европската комисија ќе ја направи конечната оценка за постигнатите резултати.

„Меѓутоа, како што веќе ви е познато, рокот за имплементација на реформите цело време истекува. Ние сме во редовен контакт со Собранието, меѓутоа не можеме да предвидиме кога точно ќе завршат со реализација на овие реформи. Меѓутоа, тоа е еден процес на којшто на крај Европската комисија треба да ја направи проценката за да се види до кој степен се реализирани тие реформи. Меѓутоа, јас сум уверен дека ќе има добри резултати испорачани од самата земја“, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас.

На средбата со амбасадорот, градоначалникот на Штип ги презентираше клучните проекти за кои Општината очекува поддршка од европските фондови. Се дискутираше и за изградба на пречистителна станица за отпадни води, капитален проект кој, поради административни процедури, веќе речиси осум години не може да се реализира.

Реклама

„Сметам дека се наоѓаме во момент на финиширање на сите овие постапки и во текот на оваа година ќе биде избран најсоодветен понудувач кој ќе влезе во фаза на реализација на долгоочекуваниот проект, кој има огромно значење за нас како град. Конечно, Штип ќе добие пречистителна станица за отпадни води и заштита на животната средина“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Рокас повтори дека уставните измени се предуслов за продолжување на пристапните преговори со ЕУ. Тој посочи и на доцнењето во реализацијата на регионалните центри за управување со отпад, нагласувајќи дека е потребно забрзување на постапките со цел да се искористат европските средства.