Реклама
Македонија

Позитивна вест за Македонија – идната еврокомесарка за проширување смета дека нема простор за билатерални спорови во ЕУ – интеграциите

Идната еврокомесарка за проширување ќе направи се, билатералните спорови да не бидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Идната еврокомесарка за проширување ќе направи се, билатералните спорови да не бидат дел од интегративниот процес. Марта Кос беше поздравена со аплауз од дел од пратениците во Европскиот парламент кога порача дека Блокот ќе биде рамо до рамо покрај кандидатите, за време на целото патување кон ЕУ.

Позитивните вести од Стразбур доаѓаат во време на дипломатската офанзива на власта, која се бори на повеќе фронта да обезбеди гаранции и да го реши проблемот со Бугарија, без да бидеме уценувани повторно во иднина.

Кос уверува дека земјите аспиранти ја имаат целосната поддршка, финансиска и политичка за да ги остварат евроинтеграциите. Паралелно додека земјите ги исполнуваат реформите, може да ги искористат и придобивките, вклучително и преку постепената интеграција на единствениот пазар. Кос се обврза да го претвори проширувањето од можност во реалност за Западен Балкан, промовирајќи помирување и регионална соработка.

Реклама

„Јас и моите служби и другите колеги ќе направиме сѐ за да не ги вметнеме билатералните прашања во процесот на проширување. Но, имаме ситуација како во вашата земја кога ова сега е дел и веќе кога ќе го имаме процесот на проширување ќе имаме многу повеќе алатки како да им помогнеме на земјите кандидати и од друга страна на членките да најдат решение“, изјави Марта Кос.

Патот до исполнување на европскиот сон и крајната цел – членство во ЕУ, мора да бидат засновани на заслуги – при што секоја земја која се стреми да се приклучи на ЕУ, ќе биде темелно оценета според тоа што сработила,  колку ги европеизирала институциите, и колку напредува во клучните области.

Важно е да го почитуваме процесот на проширување, што значи држење до преговарачката рамка и тоа проширување да се темели на заслуги. Се следи спроведувањето на билатералните обврски, нивното почитување е добро за двете земји, заклучува Марта Кос.

Со промената на власта во Македонија и настојувањето за можно репреговарање со Бугарија, барање некое ново прифатливо, се промени и реториката на европските челници.

За време на лобирањето во европските престолнини, власта добива позитивни пораки дека голем дел од земјите членки на ЕУ се наш сојузник и партнер во евроинтегративниот процес. Поради ова, премиерот Мицкоси е оптимист дека процесот може да се откочи, и Македонија да продолжи напред. Напредокот на биде заснован на заслуги и на Копенхашките критериуми, наместо на уцени и ултиматуми од соседите.