Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Пожарот во Штип изгаснат

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шестмина пожарникари и од Свети Николе со една екипа.

Пожарот избувна вчера попладне откако гром запалил сува трева и грмушки, по што поради силниот ветер брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак и се доближи до првите куќи во населбата Кадидаре.

Реклама

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, вчера на вонредна прес-конференција изјави дека огнот се ширел на непристапен терен, а граѓаните од повисоките зони можеле да ги видат огнените јазици над градот.

– Екипите на ТППЕ заедно со членовите на Доброволното противпожарно друштво веднаш излегоа на терен со целокупната логистика и ресурси за локализација на пожарот, кој поради непристапноста се ширеше – истакна Јорданов.

Тој нагласи дека нема простор за паника, бидејќи сите институции биле мобилизирани, додавајќи дека нема повредени лица и не биле загрозени станбени објекти.