Реклама

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Македонија

Пожарот кај Желино под контрола

Пожарот што избувна денеска попладне во општина Желино е ставен под контрола,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот што избувна денеска попладне во општина Желино е ставен под контрола, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи. Со пожарот се зафатени десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација.

– Благодарение на брзиот и координиран ангажман на сите екипи и ресурси на терен, пожарот кој избувна на територија на општина Желино и се движеше во правец на Еребино во моментов е ставен под контрола. Благодарност до сите ангажирани служби за професионалноста и брзата реакција!, стои во објавата на веб страницата на ЦУК.

Оттаму целат дека состојбата и понатаму се следи внимателно, а екипите остануваат на терен сè додека не се елиминира целосно ризикот од повторно активирање.

Реклама

Градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу попладне во изјава за медимуите рече дека има сомнежи дека човечки фактор е причина за пожарот и оти според информациите кои ги добил од пожарникарите најдени се запалени гуми од возила.

Во гаснење на пожарот помеѓу Желино и Еребино беа вклучени два авиона „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, армиски хеликоптер, полициски камиони марка МАН со цистерна од осум тона и воден топ, два „пинцгауери“, еден „хермелин“, 30 војници и повеќе екипи на Скопската бригада за противпожарна заштита заедно со пожарникарите од ТППЕ Тетово.

Како што соопшти претходно АМСМ, поради пожарот од 13:15 часот регионалниот пат Тетово – Скопје на потег од Добарски надвозник до бензинска пумпа „Џезо Петрол“ е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува по автопат Тетово-Скопје-Тетово кај село Групчин и село Желино.

Во текот на денешниот ден, заклучно со 14 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, три се под контрола, а три се изгаснати.

Покрај пожарот во Желино, активни се и пожарите во општините Василево – с. Нивичино, каде гори нискостеблеста шума, Македонски Брод – село Грешница со зафатена мешана шума и ниска вегетација, Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, мешана шума и ниска вегетација. Поради силен ветер повторно е активен пожарот во Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, со краци во неколку правци, каде е зафатена мешана нискостеблеста деградирана шума, а пожар има во Општина Сарај до Обиколницата каде гори сува трева.