Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Повторно протест во Кочани: Жителите остануваат на барањето да не се одлага отпад од соседните општини

Жители на Кочани излегоа на протест.  Стравуваат дека градот повторно ќе им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жители на Кочани излегоа на протест.  Стравуваат дека градот повторно ќе им се обвитка со густ чад, откако  минатата недела со полициска придружба, соседните општини Зрновци, Виница и Чешиново-Облешево, почнаа  повторно да депонират отпад на градската депонија. Еко активистите, сметат дека со ова е направено саботажа на Одлуката што минатиот месец ја донесе Советот на Општина Кочани, со која  на депонијата се забрани влез на комуналните возила од соседните општини.

„Нашите локални институции немаат капацитет да го примат соседното ѓубре, кое не влегува со мал процент. Имам сознанија дека е до 30до 40% влегува во вкупно депонираниот смет„ изјави Благица Сабовљевик, од Кочани.

“Факт е дека после протестите полесно се дише, факт е дека со 50% помалку ѓубре, ќе имаме 50% помалку метан и 50% помалку здравствени проблеми„ изјави жител на Кочани.

Реклама

Граѓаните велат, дека не се против проектот Регионална депонија, туку бараат ѓубрето да не се депонира на градската депонија, се додека не се изгради фабриката во светиниколското село Мечкуевци. Најавија и тужби, бидејќи во целост не се почитуваат нивните барања, а тоа е видео надзор, оградување на целата депонија, како и 24 часовна чуварска служба..   

„Ние чекаме резултати, тие само фиктивно ни кажуваат дека ги решаваат проблемите, а ние сакаме дела„изјави граѓанин.

Градската депонија во Кочани, стана проблем откако на неа почна да се исфрла отпадот од Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци, како дел од обврските што се наметнаа со проектот изградба на регионална депонија кај светиниколското село Мечкуевци. Поради постојаното палење на депонијата и загадениот воздух, кочанчанци 18 денаго блокираа патот кон депонијата.

Александра Ристевска